7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Совети како да ви доаѓа помала сметка оваа зима ако се греете на струја

Ваш е изборот како ќе го затоплувате домот, прочитајте неколку совети како да заштедите на електричната енергија оваа зима.

Високите температури, кои не се баш карактеристични за овој период од годината придонесоа за порано започнување на грејната сезона. Утрата и доцните вечерни часови се со значително ниски температури, додека пак дневната температура е нешто повисока, но во секој случај греењето е неопходно во овој период.

Ваш е изборот како ќе го затоплувате домот, но ние ви даваме неколку совети како да зашедите на електричната енергија, ако планирате да се греете на струја.

Загревањето само на една до две соби е можеби ефикасен начин на штедење, но со тоа се намалува квалитетот на живот. Експертите по енергетска ефикасност даваат други совети со кои можат да се скастрат сметките. Пониска температура за 1 степен, помала сметка до 10%. Ова е основниот метод за намалување на трошоците за греење. Со поставување на термостат на системот кој во просторијата ќе одржува 20 наместо стандардните 23 степени заштедите се значителни.

Дополнителните совети кои лесно можат да се применат и не чинат многу, а кои експертите за енергетска ефикасност ги даваат се:

  • навечер или кога нема никој дома системот да не се исклучува туку да се намалува температурата на 15 до 18 степени,
  • ако се користат радијатори да се постави алуминиумска фолија меѓу нив и ѕидот за да се рефлектира топлината,
  • проветрувањето да се прави само преку ден кога е најтопло, навечер собите да бидат затворени, како и вратите од ходниците, плакарите и помошните простории кои не се греат,
  • котлите на нафта гас и дрва редовно да се чистат – најмалку еднаш годишно,
  • електричните греалки да се вклучуваат директно во штекер, а не на продолжен кабел,
  • пополнете го просторот меѓу ѕидот и прозорецот со силикон. Така ќе престанете топлиот воздух да излегува надвор
  • ако е сончево, потргнете ги завесите. Сонцето ќе ви обезбеди многу природна топлина во студените денови. Вратете ги завесите кога ќе се скрие сонцето,
  • поставете теписи, по можност со подолги реси, врз дрвените подови и плочките. Тие ќе ја стопираат апсорпција на топлината од подот,
  • оставајте ја вратата отворена додека се туширате. Така ќе можете да ги искористат предностите на топлиот воздух кој доаѓа од топлата вода, и во други делови од домот, не само во бањата,
  • кога ќе завршите со печењето, оставете ја вратата на рерната отворена за топлиот воздух да се разнесе низ целата кујна.

Би можело да ве интересира

Започна спроведувањето на мерката „гарантирана цена“ за спречување на сиромаштијата

Пела Редакција

Анѓушев утре во Прилеп со генералениот менаџер на ПМ Тутунски комбинат Солтер

Елизабета Филипоска

Јубилејни 100 години успех на Прилепска Пиварница

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе