11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп бара одговори од Пачешкоски за искажани јавни ставови

Билјана Кузманоска од редовите на ОК на ВМРО ДПМНЕ  на денешната прес конференција своите обвинувања ги упати кон Зоран Пачешкоски  и побара тој да одговори пред јавноста кое е лицето со иницијали И.Ј кое се споменува во кривичната пријава?

„Со кое лице Зоран Пачешкоски излегува и зборува за некаков криминал? Како да подзаборавил дека потекнува од редовите на СДСМ, партијата, која врши класичен политички прогон и злоупотреба на институции, особено партизираното МВР, за политичка пресметка, а воедно партија која ја тресат низа кривични скандали поврзани со нејзини членови и поранешни раководни лица на значајни позиции.

Зоран Пачешкоски да одговори пред јавноста кое е лицето со иницијали И.Ј кое се споменува во кривичната пријава? Дали станува збор можеби за поранешниот градоначалник на Општина Прилеп, Илија Јованоски? Дали Зоран Пачешкоски ќе одржи уште една прес конференција овој пат пред седиштето на СДСМ во Прилеп со полна уста зборови за криминал, криминалци и злосторничко здружување? Кога веќе е толку заинтересиран за правда и одговорност, нека одржи уште една прес конференција пред обвинителството во Прилеп, и нека праша до каде е постапката со неколкуте кривични пријави против поранешниот градоначалник Илија Јованоски и против некои други негови сопартијци кои беа на раководни позиции во Прилеп? Нека праша што се случува со пријавите, дали се постапува по нив, или пак намерно се чуваат во фиока затоа што тоа не и’ oдговара на и онака нискиот рејтинг на централната власт предводена од СДСМ? Како да подзаборавил дека Прилеп е претворен во град на мафијата, каде се пресекуваат канали со дрога, се практикува насилство на секој чекор, каде безбедноста на граѓаните е на најниско можно ниво. Нека одговори кои се лицата кои се споменуваат во последните случувања и дали можеби тие се негови сопартијци или лица блиски до СДСМ?

Зоран Пачешкоски како да заборавил на пресумпцијата на невиност која е една од правните темели според која, секој осомничен или обвинет за кривично дело, се смета за невин се додека со правосилна судска одлука не се докаже дека е виновен. За ваквото намерно замајување на јавноста со лаги и клевети без донесена правосилна пресуда и докажано сторено дело, ќе си сноси одговорност и ќе добие тужба за клевета согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета. “ рече таа и ги повика  граѓани да на протестот на 18 Јуни пред Владата каде ВМРО ДПМНЕ ќе бара како што рече таа „промена на централната власт и ослободување на правосудството, по што ќе следи одговорност за секој еден кој се огрешил пред законот без разлика на политичката припадност. Монтираните случаи со кои сакаат да не замолчат ќе станат минато. Правда мора да има и ќе има за сите!„-рече таа

Би можело да ве интересира

ОО СДСМ Прилеп: По 40 години нова градинка

Гордана Цветаноска

ОК на ВМРО ДПМНЕ: Што се случува со милионските проекти на градоначалникот Илија Јованоски?

Елизабета Филипоска

ЛК СДСМ Прилеп вечерва со герила акција: „Го имаме најлошиот градоначалник на Прилеп„

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе