-2.2 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

Граѓанското здружение “ПАЗАРИ” бара пазарот наместо на улица, да се в сели во градскиот пазар

Повторно пазарџиите се соочуваат со нелојалната конкуранција при продажба на земјоделски производи, бидејќи околу пазарот, како што тврдат тие,  сеуште се појавуваат комбиња/продавачи на  земјоделски производи .„Решавањето на нелојалната конкуренција и продавањето на земјоделски производи на паркинг простор кај катната гаража, пешачки зони и околу Градскиот пазар, делимично е решен, но не и во целост„, тврдат од граѓанското здружение „Пазари„ – Прилеп.

Се обративме до комуналниот и пазарен инспекторат за средување на ситуацијата со дивите продавачи околу пазарот, па и на други локации низ градот и околината. При што, по основ на законските прописи и ингеренции кои ги има пазарот, во делот кај катната гаража делумно се средени, но во поголемиот дел кој се однесува на оние кои што се паркираат со комбиња околу самиот пазар, комуналниот и пазарниот инспекторат не реагираа за отстарнување на истите и сузбивање на сивата и нелојална конкуренција, која не засегнува сите нас „ велат од граѓанското здружение  „Пазари„ кое со допис се обрати до нашата редакција.

Пазарџиите пред месец дена бараа од надлежните органи да извршат дислокација на сите „диви“ продавачи од непосредната околина на пазарот и од другите делови на градот, и бараа од локалната самоуправа и  инспекторатите кои што работат во нејзин склоп,  да се завземат и да го решат  проблемот на долгорочен план, се’ со цел подобрување на функцијата на пазарот и негово рационално искористување по основ на закуп на тезги, со оглед на тоа што пазарџиите кои пордаваат во пазарот се даночни обврзници, легално пријавени во УЈП и редовно ги подмируваме сите давачки кон државата по основ на данок и закупнината предвидена со договорите со ЈКП „Пазари“, „што тоа не го прават нелегалните продавачи на земјоделски производи кои доаѓаат со камиони и комбиња околу пазарот„ -вели  Николче Трајкоски, претседател на Здружението „Пазари“. „Исполнети се само мал дел од условите кои беа доставени до градоначалникот и локалната самоуправа , која остана глува на поголемиот дел од нашите барања „- вели тој.

Инаку, станува збор за 40 тина тезги кои се во зелениот дел од Градскиот пазарот и од кои егзистираат 150 – 200 семејства, кои сметаат дека со ваквата нерешеност на продажбата на земјоделски производи, се загрозува нивната работа поради нелојалната конкуренција на продажба на земојделски производи околу пазарот и на други локации во градот.

 

 

Би можело да ве интересира

Работат, а џебовите празни- работниците во Македонија примаат плата под минималецот

Вкусот на овошјето и зеленчукот не го определува изгледот

Гордана Цветаноска

КОМФИ АНГЕЛ МЕЃУ ТРИТЕ ТОП КОМПАНИИ ЗА НАЈДОБРА ПРАКСА НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе