7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Крушевчани ќе ја подржат Националната платформа за женско претприемништво

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски денес потпиша Декларација за поддршка на Национална платформа за женско претприемништво. На средбата присуствуваше и од здружението ЛАГ Агро лидер и координаторката на комисијата за еднакви можности на мажите и женит

„Во буџетот за 2022-ра година предвидовме средства за активности кои се однесуваат на еднакви можности за мажите и жените, а еве денес потпишуваме и декларација како поддршка на Националната платформа за женско претприемништво. Еднаквоста се гради со вклучување, искрен пристап и желба за постигнување резултати.“, изјави градоначалникот Христоски по потпишувањето на Декларацијата.

Патформата предвидува зајакнување на капацитетите на граѓанските организации со цел креирање политика, застапување и соработка со националните и локалните власти и формирање на локални клубови за женско претприемништво, како и промовирање на квалитетни примери на жени претприемачи како двигатели на промените во јавната политика и активно промовирање на позитивните примери за овозможување родова еднаквост.

 

Би можело да ве интересира

4,8 милиони денари за проекти предложени од граѓаните на Крушево

Елизабета Филипоска

(ВИДЕО) Изгаснат шумски пожар во крушевско – исфрлени над 40 тони вода

Пела Редакција

Претрес во крушевско, пронајдено оружје

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе