7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Започна асфалтирањето на превојот Плетвар

На делницата од Фариш до Прилеп на магистралниот пат Прилеп-Градско започна поставувањето на нов асфалт, со што ќе бидат обновени 19 километри од оваа делница на патот. Станува збор за финансиска конструкција од околу четири милиони евра наменети за рехабилитација на 3 тата делница од магистралниот  пат Градско – Прилеп.
„Експресниот пат се работи во две фази од Градско до Дреново и Дреново – Фариш. Ова е третата делница на која моментално работиме на нејзината рехабилитација на постојниот патен правец. Имаме и проект кој привршува, а тој проект значи и проширување на трета лента на сите позиции каде што има две ленти и ќе започне во наредната фаза,“ посочи денеска при увид во градежните работи Благој Бочварски, министер за транспорт и врски.

На социјалните мрежи министерот најави подготовка на автопатското решение за делницата Прилеп – Битола.

Би можело да ве интересира

Објавени повиците на МОН за финансиска поддршка на ученици и студенти

Пела Редакција

Македонско-турска компанија отвора рудник за мермер во Прилеп и Долнени.Што добиваат општините од оваа инвестиција?

Елизабета Филипоска

Ристески: Очекуваме над 800 производи да бидат дел од „Новогодишната кошница“(ВИДЕО)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе