11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

МЗШВ: Целосно исплатени субвенциите на 17.000 тутунопроизводители

Заврши целосната исплатата на субвенциите за тутунот од реколтата 2021, а исплатени се вкупно 1.3 милијарди денари на сметките на 17 илјади тутунопроизводители, соопшти ресорното министерство.

Појаснуваат дека процедурата со која тутунарите ја добија оваа финансиската поддршка започна веднаш откако пратениците во Собранието ја одблокираа законската измена во законот за земјоделство и рурален развој, преку одложувањето на обврската кон УЈП.

МЗШВ изразува жалење што овие средства не беа порано исплатени на сметките на тутунарите, бидејќи процесот на донесување на оваа законска измена во Собранието беше закочен речиси 6 месеци, односно од февруари 2022 година. Со надминување на блокадата и донесувањето на измените во законот за земјоделство и рурален развој овозможивме услови од оваа година да се започне и со авансна исплата на субвенциите, мерка која не се случила во изминатите 16 години. Токму преку оваа измена, земјоделците ќе можат 30% од субвенциите да ги добијат авансно, односно во рок од 90 дена по аплицирањето“, велат од ова министерство.

Повикуваат како што велат на разум и обединетост и во донесувањето на ребалансот на буџетот за 2022 година каде се предвидени 2,7 милијарди денари, дополнителни средства за комплетно исплаќање на субвенциите кон земјоделците.

Информираат дека во следниот период започнува реализацијата на исплатата за финансиската поддршка за набавено вештачко ѓубриво и поддршката за продадени или заклани гоеници – мерки со кои ги помагаат земјоделците во услови на криза преку Интервентниот фонд. Во тек е како што дообјаснуваат и реализација на поддршката преку програмата за директни плаќања за премијата за произведено и предадено млеко јануари-февруари 2021, како и субвенциите за заклани бројлери и несилки во регистрирани кланични капацитети.

Би можело да ве интересира

Ослободување од надомест на услуги од ЈКП „Комуналец“ за семејства погодени од кризата

Гордана Цветаноска

Прилепските советници дадоа согласност за зголемување на бројот на деца во група во градинките „Наша иднина“

Елизабета Филипоска

Менса организира тестирање во Прилеп

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе