ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Вкусовите на традицијата од 4 земји претставени во Крушево

„INTERCOOL COOKING” за Бизнис креативност - СОУ „Наум Наумоски Борче – Крушево“

436

Вкусовите на етно кујната од Турција, од Романија, од Бугарија и од Македонија ги пренесоа вештите раце на младите готвачи и нивните ментори од четири училишта во Крушево. Гурмански етно специјалитети кои мамат со мирисот,  се „топат“ во очите, едноставно предизвикуваа на дегустација од штандовите поставени во центарот на Крушево.

Не беше тоа натпревар, бидејќи настанот е ревијален карактер и имаше за цел да ги претстави и да ги зближи преку најблагородната вештина – готвењето, во рамките на Еразмус Плус програмата образовните институции, младите луѓе, нивните ментори и граѓанските организации.

Учениците од  угостителско – туристичката струка на СОУ „Наум Наумоски Борче – Крушево“, беа домаќини на заедничкиот проект за Бизнис креативност( Business creativity“ ), насловен како „INTERCOOL COOKING”. Тие се претставија со традиционални јадења од Крушево, полнети пиперки, пита, зелник, крушевски колбаси… Мммм…милина од вкусови и гозба за очите!

– Овој проект за нас значи многу, зашто учиме за традиционалната храна од другите земји и ова е шанса да се зближиме повеќе. Научивме многу за турската храна, за романската и за бугарската кујна, речи Стефан Зајкоски, ученик во СОУ „Наум Наумоски Борче – Крушево“.

Богатата турска кујна предизвика најголем интерес. Штандот на турските ученици кои дојдоа од регионот на Црното Море , беше претставен со 18 јадења – кое од кое поубаво и повкусно. Секое парче, дел од етно регионите на Турција со препознатливиот вкус на лахмаџун, хартија- кебап, црниот патлиџан, полнети пиперки, месо во … а без баклава не се може!

„Ние доаѓаме од регион кој што изобилува со препознатливи етно специјалитети. Овој проект   INTERCOOL COOKING е одлична можност за размена на искуства и збогатување на нашите познавања за другите култури, “рекоа од гостите од Турција.

Штандот на романската кујна пленеше со бои и вкусови пресликани од нивната етно култура. Месени специјалитети, салати и пита, на кои тешко кој може да му одолее. Рекоа дека се воодушевени од Крушево од тоа што се збогатиле со нови познанства бидејќи се чувствуваат добредојдени.

Бугарскиот штанд беше огледало на балканската кујна од здружението кое што ја претстави делегацијата заедно со ученици од средното училиште се претставија со пилешко на оривче, памук погача, шопски стил на сирење, каврма …

 

Но, што би била убава мултикултурна дружба без музика и оро?! Така заврши и овој пат – четирите кујни ги споија вкусовите се претставија во Крушево, а музиката беше таа која ги спои и луѓето независно од каде доаѓаат, заедно со домаќините да танцуваат во срцето на Крушево!

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: