29.2 C
Прилеп
вторник, 28 јули, 2026
Пела Радио

Намален бројот на основци, а зголемен бројот на средношколците!

Бројот на учениците во редовните основни училишта на почетокот на учебната 2025/2026 година изнесувал 174 040, што претставува намалување за 3.6 % во однос на претходната учебна година.

Во оваа учебна година биле запишани 17 921 првачe.

Бројот на учениците во редовните средни училишта на почетокот на учебната  2025/2026 година изнесува 67 540, што е зголемување за 0.6 % во однос на претходната учебна година.

Во прва година биле запишани 18 554 ученици.

Од почетокот на учебната 2025/2026 година во земјава функционираат 927 основни, а 128 се редовни средни училишта.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Средното образование,темел за иднината на младите

ЕУ ја избра Општина Прилеп за „Најзелена општина“ во 2021 во Македонија

Во последното деноноќие 55 заболени во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе