11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Општина Крушево со присилна наплата ќе го прибира данокот на имот од физички и правни лица

Завршија апелите и во неколку наврати потсетувањата со опомени до даночните обврзници подмирување на данокот од имот во општина Крушево. Како што информираат од локалната самоуправа започнува присилната наплата на законската обврска на име данок на имот:

„Општина Крушево во неколку наврати испраќаше опомени и се трудеше без примена на законските мерки за присилна наплата да ги прибере предвидените средства од данокот на имот. Тоа вроди со плод, но не целосно. Со цел да се обезбеди стопроцентна наплата на данокот на имот општина Крушево започнува со примена на законски предвидените мерки за наплата на побарувањата од физички и правни лица, односно присилна наплата. Средствата од данок на имот се еден од само неколку извори на финансирање на општината и затоа е многу важно истите целосно да бидат наплатени за локалната самоуправа да може да инвестира во нови проекти, кои се во корист на граѓаните,“ стои во соопштението од единицата на локална самоуправа Крушево.

Би можело да ве интересира

Снег паѓа во Крушево и се расчистува за безбеден пристап во центарот на градот

Елизабета Филипоска

На Гумење полицијата пред граѓаните ќе презентира дел од својата опрема

Елизабета Филипоска

Прекини на водоснабдувањето во Прилеп и во повеќе крушевски населени места

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе