16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Проект за заштита на животната средина во Преспа

Во Ресен, на 6 јули,  се одржа конференција за почеток на проект за заштита на животната средина во Преспа.
 На конференцијата присуствуваше проектниот тим и партнерите во проектот, односно Oпштините на чело со градоначалниците Јован Тозиевски од Ресен и Едуард Дуро од Девол, а повеќето од присутните беа претставници на институции, земјоделци и земјоделски друштва, претставници на училишта и сл.
Проектниот тим ги презентираше активностите на проектот кои ќе придонесат кон заштита на животната средина особено со изградба на канализациски мрежи и пречистителни станици во двете општини, како и подигање на свеста кај граѓаните и зајакнување на прекуграничната соработка помеѓу луѓето и институциите од двете страни на границата.
Проектот „Превенција од ризици за практики за животна средина за земјоделци – ПРЕСПА“ е финансиран од Европска Унија од програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, а во реализација на Центар за граѓанска иницијатива од Прилеп, Општина Ресен, Организација за управување со дестинации од Корча и Општина Девол.

Би можело да ве интересира

Иваноски: Да учиме од наследството што ни го оставил Свети Климент Охридски

Пела Редакција

И талентирани и хумани! Учениците од „Ристе Ристески-Ричко“ги воодушевија прилепчани

Пела Редакција

ИСКУСТВЕНО УЧЕЊЕ ВО ДВИЖЕЊЕ ЗА МЛАДИНСКИ РАБОТНИЦИ

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе