8.7 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Се подготува меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“

РК Прилеп и годинава ќе го организира традиционалниот мемориjален турнир „Миле Нешкоски“ кој ќе се одржи идниот месец, кој крајот на август, на 26, 27  28 ти.  Турнирот се организира по седми пат, а најавено е учеството 7 екипи, од кои две се и од соседството.

На турнирот, покрај домаќинот РК Прилеп, кој има нов состав од минатогодишниот и нов тренер Реваз Чантурија,  ќе учествуваат ПАОК од Грција и Дубочица од Србија како странски екипи , а  од домашните на турнирот ќе играат суперлигашите Струга и Скопје, како и новиот прволигаш Мулти Есенс, инаку втор тим на РК Алкалоид.

Во првите два дена на турнирот  „Миле Нешковски“ ќе бидат одиграни натпревари по групи, додека на последниот ден од турнирот ќе се игра за пласман.

Минатата година, по две години пауза, турнирот беше организиран повторно, но поскромно . Екипата на Тиквеш лани го осви првото место.

Би можело да ве интересира

За првата жена тренер на машка фудбалска екипа

Елизабета Филипоска

Новаци не поразен во Прилеп (Победа – Новаци 1:1)

Пела Редакција

Прилепска Деспина на мегдан со засилениот Борец

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе