7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ПОТСТРИЖИ СЕ И ПОМОГНИ – за помош на четирите семејства кои во пожар ги загубија домовите ( ВИДЕО + ФОТО)

Секцијата на фризери , бербери и козметичари вечерва од 19 часот во центарот на Прилеп кај градскиот саат , организира прекрасна манифестација со хуманитарен карактер , ПОТСТРИЖИ СЕ И ПОМОГНИ , несекојдневен хуман гест за помош на четирите семејства кои неодамна ги загубија своите домови во пожар. Сите оние кои сакаат во исто време да имаат добра фризура но и да помогнат , стрижењето ќе биде 200 денари. Исто така организаторите најавуваат и шминкање како и релаксациона масажа а сето тоа збогатено и со одлична музика за посетителите а за која ќе биде задолжен диџеј Дејан Ефтинџиоски. Како што истакна еден од организаторите на оваа хумана манифестација Крешимир Крешо Здравески за време на гостувањето во нашата отворена програма РАДИО ШТО СЕ ГЛЕДА ,  сите собрани средства се наменети за помош на овие семејства.

На манифестацијата ќе присуствуваат и дел од членовите на овие семејства а Марина Илиеска која ни гостуваше во нашата програма  јавно се заблагодари на сите хумани граѓани , компании , организации , градежни фирми , институции , кои се погрижија нејзините роднини да бидат згрижени во за нив како што вели ова тешко време а и да им помогнат сега која им е најпотребна помош. Уште еднаш Марина потенцираше дека секоја донација за нив е добредојдена и ќе биде од голема помош за да и тие повторно се вратат во нормален живот.

Фризура , шминка , масажа, пиење пиво , вкусни пуканки и супер музика , вечерва од 19 часот сите заедно да помогнеме, да бидеме хумани за своиоте сограѓани.Всушност можете да донирате на повеќе начини а добредојдени се сите.Разговорот со нашите гости погледнете го во видеото подолу.

Би можело да ве интересира

Уапсен насилник кој физички ја нападнал сопругата

СРЕЌНО ЗАВРШИ ПОТРАГАТА ПО ЛАЗЕ ОД ПРИЛЕП

Пела Редакција

ВО ПРИЛЕП НЕМА ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ (2)

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе