15.5 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Приведен разбојник од Прилеп, поднесена кривична пријава, одреден притвор

Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал при МВР, во соработка со Секторот за внатрешни работи Битола – Надворешната канцеларија за криминалистички работи од ОВР Прилеп и Одделот за униформирана полиција при БЈБ денеска (04.08.2022), по преземени мерки и активности, расчистија кривично дело “разбојништво” извршено во аптека во Прилеп. Имено, на 27.07.2022 И.З.(28) со закана со остар предмет кон вработената одзел пари.

На 03.08.2022 по добиена судска наредба полициски слјжбеници ивршиле претрес во домот на И.З. во Прилеп, при што тој бил лишен од слобода и приведен во полициска станица и во службен разговор тој го признал делото. Денеска до Основното јавно обвинителство Прилеп против него е поднесена кривична пријава по член 237 од Кривичниот законик, а од судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во КПД Битола.

Би можело да ве интересира

Мотоциклист настрада во сообраќајка во Прилеп

Кривична за двајца службеници – не постапиле по пријава за заштита на малолетник

Приведена група од 9 крадци затекнати како „оперираат“во ЗИК Пелагонија

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе