7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

МАНИФЕСТАЦИЈА „МЛЕКО 2022“, ЗБИРНО МЕСТО КАЈ ГРАДСКИОТ СААТ

На 03 септември 2022 година во Прилеп под мотото „Како да се „бие“ млекото?“, а во организација на „Слоу Фуд Прилеп“ со поддршка од националната организација „Слоу Фуд Македонија“ќе се одржи еднодневен настан „МЛЕКО 2022“ . Овој биенален настан е посветен на автохтоните млекодајни раси на домашни животни и млечни производи произведувани на семејните фарми, бачила, мандри и мали производства. Целта е преку примерот на автентичното биено сирење кое ја отсликува нашата традиција и историја, да се отвори дебата за важните прашања околу иднината на нашето сточарство и млекарство.

На манифестацијата ќе присуствуваат сточари, млекари, мандраџии, експерти, претставници на институции, студенти и активисти од здруженија и сите оние што сакаат да им се слушне гласот, да презентираат и да уживаат во веселата дружба  и во различноста на вкусовите. Програмата на „МЛЕКО 2022“ ќе понуди изложба и пазар на сирења и други производи од преку 25 производители, панел дискусии, изложби, детско едукативно катче, културно-уметничка програма.

Настанот е можност да им се даде видливост на младите млекари, малите семејни сточарски фарми и нивните се’ повеќе уникатни сирења и млечни производи.

Придонесот на Слоу Фуд во повторното „откривање“ на секторот  преку проширување на видиците за можностите кои постојат, варијантите на сирења кои може да се направат, трендовите на пазарот и побарувачката од потрошувачите, е од големо значење во промоцијата на различните региони, зачувувањето на традиционалните, но и надоградување на техниките за производство и зачувување на животната средина.

„Ајде заедно да размислиме и да одговориме на прашањето како да се „бие“ млекото денес, со сите предизвици кои нѐ пресретнаа. Како да се произведе вистинско сирење со препознатлив вкус, а тоа да биде исплатливо и достапно за секого?“, велат организаторите.

Во сабота на 3 септември, паркот околу градскиот часовник во Прилеп ќе нуди повеќе од сенка и клупи за одмор.

„Бидете таму, на „зборното“ место. Заедно ќе „направиме“ МЛЕКО за паметење!“, порачуваат оттаму.

Настанот се реализира со поддршка на  Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Општина Прилеп, како и со придонес на спонзорите и поддржувачи: „Концепт продукција“, „Евро стил“, “Горска вода“ и пекара „Маја“.

Би можело да ве интересира

Кои се можностите за развој на женско претприемништво во руралните средини?

Гордана Цветаноска

Стеваноски: Има најава за присилно прекинување на протестите кај Оревоец

Радио Пела и АГТИС, со учениците од СОУ “Ѓорче Петров“ се вклучија во одбележување на глобелната недела на Денови на медиумска писменост

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе