Вечерва, (недела 04 септември 2022г) на платото во старата Прилепска чаршија (близу Градскиот саат) во 21.00ч со свој концерт ќе настапи бендот Љубојна.Ова е последниот дел од OFF програмата на Prilep Jazz Weekend фестивалот,одложен,поради временски услови.
Љубојна или „љубов“ и „бој“, еден од најпрепознатливите и најрепрезентативни бендови во регионот, најавтентично го пренесува пулсот на музичкиот бит во не само она, што се нарекува урбан, туку и светски отворен звук. Љубојна не е само популарен бренд. Таа е идеја која направи супер саунд од една заборавена музика и стана јадро околу кое гравитираат многу музичари и од кое црпи младата публика. Групата твори музика, со сета нејзина страст, ентузијазам и жестина која е изговорена како универзален музички јазик, според космополитски код кој што го носи во себе.
Музиката на Љубојна е спој на сите експресивни и елегични чувства и звуци на радост, тага, еуфорија, интензивност, чилаут, поп, страст, фанк, цоул, фолк, ориентал, стомачен танц, џез, ортодокс гламур…
Прилепскот џез фестивал го работи овој проект во координација со кафетериите : Kaffeine, Tabu, Чоше кафе и слаткарницата АЛФА 1.