16 C
Прилеп
недела, 13 октомври, 2024
Пела Радио

„Бавчика„ нов бренд на „Слоу фуд“ манифестацијата – за да се вреднува потеклото на храната

Производите на новиот органски производител „Бавчика“  https://www.facebook.com/bavcika  се најдоа на саемот  на Slow Food Macedonia  кој се одржа во центарот на Прилеп.
Прилпечани имаа можнсот да ги дегустираат  познатите „Вишница„ и „Доматино„, сокот од кајсија, пиперките „печи-гмечи„ и многу други производи, произведени од малиот еко градинарки тим на „Бавчика„ чии носител е мојата колешка (новинар) Гордана Цветаноска, која одлучи традицијата на произвотство на градинарски производи, што секоја година ја создава во својот двор во с.Мало Коњари, да ја преточи во  домашен бренд „Бавчика„ .

 

Во нејзината мала бавчичка во с. Мало Коњари има се’ што ЧЕ посакате: сливи, кајсии , праски, јаболака и

дуњи, ореви, лешници, магдонос и р уз марин, пиперки и домати, тиквички и тикви, боранија и бамја, лук и кромид, босилек и оригано,компир и зелка  .. се  свежо од бавча скинато, за салата и подготовки на пити ,  за вксуно домашно  јадење и зелнчукови манџи, за присти да излижиш, и вкусот природата да остане во вашаиот стомак со денови.

 

Производите ги пробаа и локалните власти и колешката Митреска,  кои ја посетија манифестацијата.

А, вишокот на градинарски производи, Гордана  умешно и вешто , веднаш го  преточуваат во теглички  „складирајќи„ ги сите витамини и минералите од органското, чисто домашно градинарско производство во сосови, сокови, намази и вкусни домашни коктели,  со знакот на  „Бавчика„  кои може да се најде во дел од прилепските трговски полици. за здрава храна.
Програмата на „МЛЕКО 2022“  понуди изложба и пазар на сирења и други производи од преку 25 производители, панел дискусии, изложби, детско едукативно катче, културно-уметничка програма. Манифестацијата беше во организација на „Слоу Фуд Прилеп“ со поддршка од националната организација „Слоу Фуд Македонија“

Според Филип Димкоски од „Слоуфуд Прилеп“ производителите на храна  треба да имаа  подобар третман од државата  и да се цени нивниот производ. Ова е четврта манифестација од годинашната „Млеко 2022“, по оние во Битола и две во Скопје.

Би можело да ве интересира

Замрзната слика на (не)чисти улици

Елизабета Филипоска

„Жени“ – една поинаква театарска престава

Елизабета Филипоска

Богоја Бојчески – човекот кој го овековечи времето во Кривогаштани

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе