11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Абрашоски: Спорна набавка од 100 илјади евра е „камен на вратот“ на ЈКП Комуналец Прилеп

На прес конференција Рубин Абрашоски, директор на ЈКП Комуналец Прилеп изнесе наводи, според кои што, претходните раководства на јавното претпријатие, заради како што рече, недомаќинското и неодговорно работење го доведуваат во прашање опстанокот на Комуналец Прилеп. Ја пренесуваме во целост:

Денеска ќе ја запознаеме јавноста со недомаќинското и неодговорно работење на претходните  раководства, и како СДСМ ја практицирала власта на локално ниво, со што во моментов се доведува во прашање финасиското работење на ЈКП,, Комуналец’’- Прилеп. Имено, се работи за налог за извршување, примен во,, Комуналец’’ на 5.08.2022 година, за не прифатени фактури  и не примена стока од оперативно техничкиот оддел, каде претпријатието се  задолжува да исплати 5.971.860, 00 денари, за две половни возила за метење и чистење на улици. Апсурдот да биде поголем, метларки немаме, пари за исплата имаме. Односно склучениот Договор за  јавна набавка  од  15.08.2018 година, помеѓу добавувачот и ,, Комуналец,, не бил  раскинат согласно одредбите од договорот, а по основ на Записник за констатирана неисправност од 24.07.2019 година. Комисијата составена од вработени во,, Комуналец,, и овластен сервис, констатирале дека истите не се во функција и не треба да се примат.

Да кажеме дека јавното претпријатие нема требовање, нема приемница, не прифатило фактури, ниту ги прифатило неисправните метларки предмет на јавната набавка, а добива Налог за извршување. Прашуваме, зошто претходните раководни лица на ,, Комуналец,, не го заштитиле имотот  веднаш по констатираната несиправност, не презеле правни дејствија и не го раскинале Договорот за јавна набавка, со што во моментов на претпријатието му се товарат дополнителни 100 илјади евра?

Апсурдот да биде уште поголем фактурите кои се со датум од 30.11.2018 година, не се примени со архивски број од ,, Комуналец’’, а платниот налог е од 01.11.2021 година, односно три дена пред да истече рокот од 3 години,  согласно Законот за облигациони односи, или, веднаш по завршувањето на Локалните избори. Што го побрзало толку добавувачот по губењето на власта на локално ниво, па во краток рок  извршуваат неколку правни дејствија, со што го доведуваат во  финасиски колап јавното претпријатие, покрај сите други натоварени тековни обврски.

Од страна на вработен во,, Комуналец’’, направен е Одговор на  платниот налог, каде случајно, или намерно, истиот е поднесен без адвокатски печат и потпис, и како таков е доставен до Основниот суд, каде судот го отфрла  како неуреден. Против вработениот се преземени сите правни дејства за одговорност.

Останува одговорноста за недомаќинското и неодговорно работење на претходните директори на ,, Комуналец’’, за која не ја знаеме позадината за ваквата спорна набавка, со која на ,,Комуналец’’, му натоварија уште еден камен околу вратот или 4.115.840,00 денари главен долг на неисправни метларки кои не се впишани како основни средства на претпријатието, камата на главен долг од 818.106,00 денари, и процесни трошоци од 41.426,00 денари, односно повторуваме безмалку 100 илјади евра, рече Абрашоски.

Би можело да ве интересира

Денеска нема новозаболени

Елизабета Филипоска

Силекс триумфираше во Прилеп!

Гордана Цветаноска

Апел до граѓаните – се бараат доброволци, огнот се доближува до с. Крушевица

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе