0.6 C
Прилеп
петок, 22 ноември, 2024
Пела Радио

ВО ПРИЛЕП НЕМА ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ! (5)

Пишува Зоран Момироски

  • МЕТЛАТА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАИГРА. ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА УЧЕБНАТА ГОДИНА НА БЛИЗУ 50 НАСТАВНИЦИ ИМ СЕ ПРЕКИНАТИ ДОГОВОРИТЕ ЗА РАБОТА ВО УЧИЛИШТАТА.ТОА ИМ ПРЕДИЗВИКА ДОПОЛНИТЕЛЕН СТРЕС НА УЧЕНИЦИТЕ НА РОДИТЕЛИТЕ И НА НАСТАВНИЦИТЕ КОИ ОСТАНАА БЕЗ РАБОТА. ПОКРЕНАТА Е И ИНИЦИЈАТИВА ЗА ОДЗЕМАЊЕ НА ИНГЕРЕНЦИИТЕ НА ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ  ВО ПРИЛЕП ОД СТРАНА НА ЦЕНТРАЛНАТА ВЛАСТ. НИШТО НОВО И НЕПОЗНАТО ПРИ ПРАКТИКУВАЊЕТО НА ВЛАСТИТЕ ВО ИЗМИНАТИВЕ 30 ГОДИНИ ОД ПОСТОЕЊЕТО НА САМОСТОЈНА МАКЕДОНИЈА. ЗНАЧИ ТОА НЕ Е НИТУ ПРОБЛЕМ, НИТУ СОСТОЈБА ЗА ЧУДЕЊЕ.

ПРОБЛЕМ Е – ДО КОГА ПОЛИТИКАТА И СИТНИТЕ ПОЛИТИЧКИ ИНТЕРЕСИ ЌЕ ГО КРЕИРААТ КАДРОВСКИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО, А ПРЕКУ НЕГО И КВАЛИТЕТОТ НА НАСТАВАТА. И, ДО КОГА ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ САМО ВРЗ ОСНОВА НА ПАРТИСКАТА ПРИПАДНОСТ ЌЕ ОДЛУЧУВААТ КОЈ НАСТАВНИК Е ДОБАР, А КОЈ ЛОШ?!

 

  • ДЕНОВИВЕ ЗАПОЧНА УЧЕБНАТА ГОДИНА. ПРВАЧИЊАТА ВО ЕДНО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО ГРАДОВ  СЕ ДОЧЕКАНИ НА СВЕЧЕНА БИНА УКРАСЕНА СО МНОГУ ЦВЕЌИЊА И СО ПАРОЛА: ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ ПРВАЧИНЊА !!! РОДИТЕЛИТЕ РЕАГИРАА НА ПАРОЛАТА СО ПРАШАЊЕ ДАЛИ НИВНИТЕ ДЕЦА СЕ : ПРВАЧИЊА ИЛИ ПРВАЧИНЊА?!? И ТОА НЕ Е ПРОБЛЕМ. ПРОБЛЕМ Е ВО ОДГОВОРОТ ОД УЧИЛИШТЕТО: ГРЕШКАТА БИЛА ВО ЦВЕЌАРНИЦАТА КАДЕ ЈА ПИШУВАЛЕ ПАРОЛАТА! ДАЛИ ЧОВЕК ДА СЕ СМЕЕ ИЛИ ДА ПЛАЧЕ?! ОВА НЕ ИМ ПРЕЧИ НИ НА ВМРО-ДПМНЕ, НИ НА СДСМ НИ НА ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ. ИМ ПРЕЧИ АКО ЕДЕН КВАЛИТЕТЕН НАСТАВНИК Е ОД СПРОТИВНИОТ ТАБОР. ТОЈ ТРЕБА ДА СИ ОДИ ДОМА.

 

  • КОНЕЧНО ДИРЕКТОРОТ НА ЈКП КОМУНАЛЕЦ РУБИН АБРАШОСКИ СЕ ОДВАЖИ ДА ИЗЛЕЗЕ ПРЕД ЈАВНОСТА ЗА СТАРИТЕ И ДОТРАЕНИ МЕТЛАРКИ УВЕЗЕНИ НА ТЕНДЕР РАСПИШАН ОД ПРЕДХОДНИТЕ РАКОВОДСТВА НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО. ОД ПООДАМНА ГО ОБЈАВИВ ОВОЈ ФИНАНСИСКИ СКАНДАЛ ДЕКА СУДСКИОТ СПОР Е ЗАГУБЕН И ЈКП КОМУНАЛЕЦ ТРЕБА ЗА СТАРИ МЕТЛАРКИ КОИ НИКОГАШ НЕ БИЛЕ ПРИМЕНИ ВО ПРЕТПРИЈАТИЕТО НА УВОЗНИКОТ ДА МУ ПЛАТИ 4.000.000 ДЕНАРИ ДОЛГ. НО, ДОЛГОТ СПОРЕД АБРАШОСКИ ПОРАДИ СУДСКИТЕ И ИЗВРШНИТЕ ТРОШОЦИ СО КАМАТА СЕГА НЕ СЕ 65 ИЛЈАДИ ЕВРА ТУКУ 100 ИЛЈАДИ ЕВРА. ПА ВЕЛИ ДЕКА ОВА Е НАПРАВЕНО ЗА ВРЕМЕ КОГА В.Д. ДИРЕКТОР БИЛ ЗВОНКО ЈОВАНОСКИ. И ТОА НЕ Е ПРОБЛЕМ. ПРОБЛЕМ Е ШТО И ТОГАШ АБРАШОСКИ БЕШЕ НА РАКОВОДНА ПОЗИЦИЈА ВО ЈКП КОМУНАЛЕЦ. И МНОГУ УБАВО ЗНАЕ ДЕКА МЕЃУ ДРУГОТО ЗА ТИЕ МЕТЛАРКИ ШТО НЕ СЕ ПРИМЕНИ НА КОРИСТЕЊЕ БЕА СМЕНЕТИ ДВАЈЦА ДИРЕКТОРИ. АМА И НЕГО МУ ЛЕПИ МУЦЕТО И НЕ СМЕЕ ДА ЈА КАЖЕ ВИСТИНАТА. ЈАС ПРАШУВАМ ДАЛИ СЕГА ЈКП КОМУНАЛЕЦ НЕ СЕ ПОДГОТВУВА  ЗА ЈАВНО- ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО ?!

 

  • ПРАКТИКАТА ПОДРЖИ ГО ,,КОПИЛЕВО“ ДА И’ ВИКАМ НА ,,КОПИЛЕШКАТА“ ПРОДОЛЖУВА. САКАЈЌИ ДА ЈА ДЕФОКУСИРА ЈАВНОСТА ВМРО-ДПНЕ  ПРЕКУ НЕУПАТЕНО ДЕВОЈЧЕ ВО ВКУПНИТЕ СОСТОЈБИ ИЗЛЕГУВА СО СООПШТЕНИЕ – СПИСОК ОД НАД 60 ВРАБОТЕНИ ВО ЈКП ВОДОВОД ЗА ВРЕМЕ НА СДСМ. ПРИТОА, НЕ КАЖУВА КОЛКУ ВРАБОТИ НЕЈЗИНАТА ПАРТИЈА ВО ЈКП ВОДОВОД  ВО ПЕРИОДОТ КОГА ПРЕД ЧЕТИРИ ГОДИНИ ВМРО-ДПМНЕ БЕШЕ НА ВЛАСТ ЦЕЛИ 12 ГОДИНИ. НО И ТОА НЕ Е  ПРОБЛЕМ. ВИСТИНСКИОТ ПРОБЛЕМ Е – ДО КОГА ЗА ДВЕТЕ ПАРТИИ ЈКП ЌЕ БИДАТ ,,ЗГРИЖУВАЧКИ ДОМОВИ“ ЗА КРЕМ-ЛУЃЕТО ОД ДВЕТЕ ПАРТИИ. ИЛИ, КАКО ШТО СЕ ЗБОРУВА – ЗА ТИЕ КОИ ДОБРО ЌЕ ПОДМАЧКААТ! СЕ ПРАШУВАМ ДА НЕ ИМА МЕЃУ ТИЕ 60 И ПО НЕКОЈ ЧЛЕН ИЛИ СИМПАТИЗЕР НА ВМРО-ДПМНЕ?!? НЕ Е ТАЈНА ДЕКА ЈКП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА ОД ПООДАМНА Е ФАМИЛИЈАРНА, НО И ПАРТИСКА ФИРМА НА СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ. ШТО НЕ ВИ Е ЈАСНО  – КОГА СЕ’ Е ЈАСНО?! САМО СО НЕТРЕПЕНИЕ ЧЕКАМ ДА ВИДАМ КОИ ОД СИТЕ ЗАДОВОЛНИ И ПРЕЗАДОВОЛНИ И ДОБРО НАФАТИРАНИ  ВО ИЗМИНАТИТЕ ЧЕТИРИ ГОДИНИ СЕ ИЛИ ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД НОВОТО  ЗДРУЖЕНИЕ НА МАКСИМ ОД КУМАНОВО.

ВО ОВАА РЕАКЦИЈА СЛУШАМ СЕ СПОМЕНУВА И ДИРЕКТОРОТ НА ТУТУНСКИ КОМБИНАТ КИРЕ  СТАНКОСКИ ДЕКА СИ ЈА ВРАБОТИЛ СВОЈАТА СЕСТРА. ПА СТОТИЦИ ОД СДСМ СИ ВРАБОТИЈА И СЕСТРИ И ДЕЦА И ЖЕНИ И ВУЈНИ И ВУЈКОВЦИ И СТРИНИ. УШТЕ КУЧИЊАТА И МАЧКИТЕ ИМ ОСТАНАА БЕЗ РАБОТА. ЗА НИВ НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА ИЗУСТИ НИ ЗБОР. ЗАТОА ПРАШУВАМ – ОВОЈ КИРЕ СТАНКО ОД ТУТУНСКИ СЛУЧАЈНО ДА НЕ И’ ЗЕМАЛ ПАРИ НА СВОЈАТА СЕСТРА ЗА ДА ЈА ВРАБОТИ?!?

 

  • ИМА ЕДНА ГРАДЕЖНА ФИРМА КОЈА НЕ Е ОД ГРАДОВ. ВО ИЗМИНАТИВЕ ЧЕТИРИ ГОДИНИ МУ БЕШЕ НАЈКРИТИКУВАНА НА ВМРО-ДПМНЕ. ПРАШУВАМ СЕГА ТАА ИСТА ФИРМА ПОЗНАТА ПО ,,МОВЧЕТО – СТОЧЕН ПАЗАР“ ДА НЕ СТАНА НАЈПРИВИЛИГИРАНА КАЈ СЕГАШНИВЕ ЛОКАЛНИ ВЛАСТИ ?! ИЛИ ТОГАШ ТАА ИСТА ФИРМА НЕ БЕШЕ ДОБРА . А СЕГА ПРЕКУ НОЌ СТАНА НАЈДОБРА!

 

  • ДЕЛ ОД ОВИЕ НОВИ ДИРЕКТОРИ НА ПОАТРАКТИВНИВЕ ЈКП ПОСТОЈАНО КУКААТ ЗА ФИНАНСИСКИТЕ СОСТОЈБИ И ПРОБЛЕМИ. И ТОА НЕ Е СПОРНО, БИДЕЈЌИ СТАНУВА ЗБОР ЗА ГОЛЕМА ЕКОНОМСКА И ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА. ПРОБЛЕМ Е ШТО ИСТОВРЕМЕНО ТИЕ И КУКААТ И ПЛУКААТ. ЈАС ПРАШУВАМ: ЗОШТО ВЕ ПОСТАВИЈА?! ДА ГИ РЕШАВАТЕ ПРОБЛЕМИТЕ ИЛИ САМО ДА КУКАТЕ И ДА ПЛУКАТЕ !!!

 

 

Би можело да ве интересира

ВО ПРИЛЕП НЕМА ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ! 9

Гордана Цветаноска

Момироски со јасен став – на Прилеп му требаат професионално радио и телевизија, а не политиканство!

Елизабета Филипоска

Со Златен Даб наздравуваме за машкото здравје!

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе