11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

(ВИДЕО) Успешно спасени две туристки од Полска, кои паднаа во пресек од карпа над провлија кај „Трескавец“

Попладнево, успешно е реализирано спасувањето на две туристки од Полска,  кај манастиркиот комплекс „Трескавец“, кои паднатле во пресек од карпа, над провлија.  Акцијата за спасување беила координирана преку дежурните оперативци во Центарот за управување со кризи на Единствениот телефонски број за итни повици на ЦУК – 112, во содејство со Дежурниот оперативниот центар (ДОЦ) на ЦУК и Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Битола, а во координција со РЦУК Прилеп со надлежните институции за вакови случаи од Системот за управување со кризи.
Успешната спасувачка акција конкртно и брзо ја реализирал,кој друг-  Дарко Неданоски со колегата Иван Атанасовски, инаку членови – доброволци од спелеолошкиот клуб „Златоврв“ од Прилеп.

 

 

Дарко Неданоски по извршената спасувачка акција

 

Незгодата се случила околу 16:00 часот кога двете туристки – млади девојки од Полска, од локација кај
манастирот „Трескавец“, преку Единствениот телефонски број за итни повици на ЦУК – 112, побарале помош При движење надолу од манастирот кон градот, тие паднале во процеп на стрмна карпа над провалија и биле во опасност да се повредат, а едната од нив се држела за карпа. Тие биле дел од поголема група туристи и биле заостанати од групата која што се враќала од посетата на македонскиот прекрасен и познат манастирски комплекс “Трескавец“
Покрај доброволното друштво „Златоврв“ од Прилеп, на терен излегла екипа и од ТППП Прилеп (4 пожарникари со 1 теренско возило) во 16.10ч.  За настанот биле известени и ДЗС – Прилеп и МВР (ЦИК- Битола).
РЦУК – Битола извести дека двете девојки – туристки од Полска кај „Трескавец“, се пронајдени и извлечени во 17:15 часот од доброволното друштво „Златов врв“ од Прилеп и дека се во добра здраствена состојба. Дарко Недановски кој го реализирал спасувањето ,заедно со неговиот колега  не извести дека девојките  само на рацете имале неколку гребнатини. и дека се добро се завршило,благодарение на навремената интервецнија.
Инаку, нашиот Дарко Неданоски е познат по многу спасувачки и истражувачки акции во земјава и странство, држвен рекордер е во спуштање во длабочина,  претседател на Спелолошката федерација на Македонија и еден од ретките луѓе обучени за вакви спасувачки акции.

Би можело да ве интересира

Моштите од св. Нектариј Егински од петок до недела ќе бидат изложени во храмот св. Петка

Пела Редакција

„ПРИЛЕПСКИ МЕЧКАРИ„ ГИ НАГРАДИЈА ЗА НЕГУВАЊЕ НА ТРАДИЦИЈАТА, А ТИЕ ГО ОДБЕЛЕЖАА И „ТРИМИР„ ЖЕНСКИ ПРАЗНИК, ПРАЗНИК НА АРМАСАНИТЕ ДЕВОЈКИ, АДЕТ ВЕКОВЕН ВО ПРИЛЕП!

Елизабета Филипоска

Денеска рано наутро се вапцуваат јајца – Денеска е Велики четврток. Која е симболиката на црвеното јајце ?!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе