11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ОЈО Прилеп: Притвор за силувачот на малолетничка

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, на возраст од 21 година, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Силување од член 186 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 13 септември, во непосредна близина на мостот пред селото Селце, со употреба на сила и сериозна закана присилил на обљуба 15-годишно девојче. Додека оштетената се враќала од училиштето кон нејзиниот дом, осомничениот ја пресретнал и почнал да ја следи, движејќи се зад неа. Во еден момент се приближил и започнал да ја допира, насилно да ја трга и да ја влече по тревата. Ѝ се заканувал да не вика, бидејќи ќе им се случи нешто лошо на нејзините најблиски. Под мостот извршил обљуба врз девојчето, кое постојано се спротивставувало.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Прилеп поднесе предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судијата го прифати предлогот и со решение на осомничениот му определи притвор во траење до 30 дена.

Би можело да ве интересира

Патот Росоман – Прилеп во прекин поради одрон и вода

Гордана Цветаноска

Тила ја продолжува соработката со основните училишта

Пела Редакција

Авто Контрол Станица за технички преглед одбележува 10 години од постоењето

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе