29.1 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Прилепчанка прскала со бензин во кафеана се заканувала дека ќе ја запали

Прилепчанка синоќа била приведена затоа што се заканувала дека ќе запали угостителски објект, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи. Полицијата ја привела поради предизвикување општа опасност:
На 16.03.2024 во 22.10 часот во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп ја лишиле од слобода К.И.(32) од Прилеп поради основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” по чл. 288 од КЗ.  Имено, на 16.03.2024 околу 22 часот  во ОВР Прилеп Т.К.(61) од Прилеп пријавил дека околу 21.30 часот во неговиот угостителски објект во Прилеп влегла К.И. и со шише наполнето со запалива течност прскала по подот и се заканувала дека ќе го запали објектот. К.И. е приведена во полициска станица Прилеп и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Соопштение: Четврта седница на Управниот одбор на ЈКП Комуналец

Физички напад пред казино и кражба

Прилеп гради план за одржлива мобилност

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе