Новиот романот на писателката Мирјанка Ристеска-Селчанец “Која сум” , вечерва во фоајето НУ Центар за култура ,,Марко Цепенков”- Прилеп беше промовиран, пред присуство на голем број на вљубеници во пишаниот збор.
За автобиографскиот роман во два тома“Која сум ,, и книгата “ Од стариот нотес ,, – збирка поезија и раскази воведничар беше Андриана Ристеска, претседател на Клубот на литературни творци од Прилеп, а за книгата зброуваа рецензентите др.Спец. Благоја Дамески и Слободан Беличански. Извадоци од романот читаше поетесата Павлина Чочкова, а фрагменти од книгата на присутните госи им пренесе и актерот Игор Трпчески.
Инаку, писателката Мирјанка Ристеска Селчанец има напишано повеќе од 40 книги, романи, раскази за деца и возрасни, поеми, песни… Таа е една од најплодните прилепски писателки која твори и пишува повеќе од неколку децении.
За Радио Пела,при оваа прилика, изјави дека овој автобиографски роман со наслов “Која сум”го отсликува на некој начин нејзиниот живот и за да го напише, инспирација и биле случките од секојдневието. На прашањето колку младите денес сакаат да читаат Селчанец додаде дека младината имаат желба кон читањето на книги , а дека тоа е така потврдуаат честите побарувања на нејзините книги од страна на младата популациај преку интернет или лично.
Инаку, Мирјанка Ристеска-Селчанец за своето творечко ангажирање се здобила со голем број на награди од литературата и опшествени награди пред се за својот придонес кон негувањето на македонскиот јазик и пишаниот забор. За своите достигнувања од областа на литературно творештво Селчанец ја има добиено и најпрестижната нагарда од Општина Приелп “- наградата “3-ти Ноември”кој општината им ја доделува на најзаслужните граѓани на Прилеп.
Пишува: Христијан Ангелески (млад репортер на Радио Пела)