11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ОДБЕЛЕЖАНИ 80 ГОДИНИ ОД ДАБНИЧКИОТ МАСАКР

Со полгање на свежо цвеќе на споменикот кај  месноста Дабнички завој, општинска делегација, преставници од општинскиот одбор на Сојуз на Борци и од ООУ „Рампо Левката„ им беше одадена почит на 18-те  жители од с. Дабница кои биле стрелани од фашистичкиот окупатор, на 19 -ти септември 1942 година кај Дабница поради помагање на партизанските одреди.

На 14 септември, специјалните единици, неколку десетици агенти и полицајци влегле и уапсиле 54 мажи во селото Дабница и Прилеп. Ги затвориле во гарнизонскиот затвор кој бил претворен во мачилиште.  Меѓу нив бил и Рампо Левката, адвокат, кој поради своите заслуги во НОВ е прогласен за Народен херој ( денеска училиштето кое го носи негово име, го одбележа патронот и се посети на неговото херојство). Тој е убиен во касарните, а 18 лица, односно 19 -сет биле однесени на стрелање, кај Дабинички завој. Меѓу нив, само еден успеал да преживее, Петко Велкоски, кој бил погоден само со еден куршум, а при бодењето со баонети бил двапати несмртоносно прободен.  Тој бил жив сведок на крвавите денови од окупацијата .

Дабничкиот масакар престаува еден од најзлосторничките убиства извршени врз невиното македонско население од страна на фашистичкиот откупатор, а денешните генерации се обидуваат тоа да не се заборави.

За загинатите дабничани и прилепчани, на местото на стрелањето, во месноста Дабнички завој, во 1972 година е подигнат “Споменикот на жртвите на фашизмот„, на кои се напишани имињата на стреланите.  Пред неколку години споменикот, изработени од бронза, на академскиот скулптор Димо Тодороски подигнат во чест на стреланите жители на Дабница,  беше вандалски уништен од непознати сторители.  Сегашниот споменик,  поставен пред три годиди, е негова реплика и е дело на скулпторот Сашо Попоски.

Би можело да ве интересира

Подарете надеж – хуманитарна вечер за помош на семејството чија куќа беше опожарена

Елизабета Филипоска

Светскиот ден на предвремено родени деца во Прилеп одбележан со хуманитарна акција

Петровден е еден од најголемите празници по Велигден

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе