7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Премиерна изведба на нова претставата за деца ПЕПЕЛАШКА како музичко-сценски спектакал

В сабота, на 24 септември, ( 2022 г.) во големата сала на Н.У. Центарот за култура “Марко Цепенков”, со почеток од 12:00 часот, премиерно ќе биде изведена новата хит претстава за деца и млади со наслов ПЕПЕЛАШКА. Танцовото студио за современи изведувачки уметности “Зодијак” од Прилеп во партнерска соработка со Н.У.Ц.К. Марко Цепенков од Прилеп како матична сцена е организатор на овој  музичко-сценски спектакал за деца и млади.

Бајката е проткаена со безброј случки, емоции и убави певливи песнички на македонски јазик, од вообичаената Дизниева практика, убави разиграни кореографии и мизасценски решенија, колоритни костими, кои се уредно спакувани пополнувајќи ги сите дупчиња во една детска магична сложувалка”. Преводот на текстот е на Благојче Николоски, драматизацијата и адаптацијата на македонски е на Кире Миладиноски, режија, костимографија, сценографија, кореографија, кукли и сонговите на Кире Миладиноски, музика Алан Менкен и Томе Темелкоски, дизајн на рекламен материјал е на Петар Николоски, светло мајстор и сценски ефекти Бобан Смилкоски, автор на видео рекламен материјал Љупчо Атанасоски, автор на аудио рекламен материјал Томе Темелкоски, гласовите ги позајмија: Лилјана Јованоска, Мирјанка Селчанец, Даниела Иваноска, Димитар Ѓорѓиевски и Благојче Николоски. Играат: Бисера Гаралоска, Матеја Грујоска, Кристина Миноска, Анастасија Митревска, Теодора Велкоска, Михаил Јорданоски, Марта Шаркоска и Елена Џајковска. Оваа продукција е потпомогната од Министерството за култура на Република С. Македонија-со национална програма 2022 преку нацрт-програмата на Н.У.Ц.К. Марко Цепенков од Прилеп и Локалната самоуправа на Општина Прилеп, а како копродуцент партнер е Н.У.Ц.К. Марко Цепенков од Прилеп што воедно е матична сцена каде работи танц студиото ЗОДИЈАК.

Би можело да ве интересира

На 11ти јули концерт на „LOCKDOWN“ со екс-ју хитови на камената бина во Прилеп

Цел град театар од утревечер на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“

Вечерва прва претстава од независна продукција на МТФ „Војдан Чернодрински“во официјалната конкуренција

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе