30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

(ВИДЕО) Заврши тридневната работилница „Мозаикот денес“

Со доделување на благодарници за учество, денес  во Прилеп, заврши тридневната работилница за мозаик со млади таленти насловена „Мозаикот денес“.

На работилницата присуствуваа петнаесетина деца од прилепските средни и основни училишта, а најголем дел од нив првпат преку теорија и пракса се запознаа со оваа ликовна техника, благодарение на предавачката, ликовната уметница м-р Александра Димитрова

Станува збор за мозаик изработен од вештачки камен. Ова е трета работилница за мозаик со млади таленти. Како автор на проектот, презадоволна сум бидејќи интересот во секој град е огромен. Досега имавме работилници во Штип и во Крива Паланка. Бидејќи Прилеп изобилува и со прекрасен природен камен, имаме идеја следната година да правиме мозаици со природен камен а желбата е оваа работилница да трае подолго-рече уметницата Александра Димитрова, превач на работилницата.

На овој начин се продолжува традицијата на изработување мозаик, наследена од нашите предци. Мозаикот е скапа и грациозна техника, а мозаиците низ вековите го украсувале и оплеменувале просторот.

Проектот го реалзира НУЦК „Марко Цепенков“ со поддршка на Минситерството за култура и туризам на Македонија.

Би можело да ве интересира

„Прилеп Фолк Фест“ – деветто издание, вечер на современи македонски песни

Вуцас: Од стратешки интерес за Австрија е старт на пристапните преговори на Македонија кон ЕУ

Прилепските музичари бараат да работат или ќе го блокираат Плетвар

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе