ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Заедно ја одбележаа Неделата на детето: ДНУ – Прилеп, поетите и децата од детските градинки

687

Традиционално првата недела од месец октомври се одбележува како Светска недела на детето.  Во рамките на одбележувањето на Детската недела, илјадници деца од цел свет учествуваат во разни настани и активности, а прилепските дечиња од  ОУДГ Наша иднина-Прилеп беа во посета на ДНУ – Прилеп.

Во името на Друштвото за наука и уметност – Прилеп дечињата ги поздрави и домаќин им беше членот на друштвото, Тодор Алексоски, кој им прочита фрагменти на дечињата од неговата книта „Секој се смее на ист јазик“, книга со македонски поговорки, мудрости и изреки, а дел од членовите на Клубот на литературни творци Прилеп ги поздравија дечињата со пригодна програма: Андриана Ристеска како Претседател на Клубот на литературни творци Прилеп, Цеца Видова Трајческа, Весна Шереметкоска и Менче Кадинец како членови на Клубот, а неколку детски песнички од прилепски автори прочитаа Тамара Насеска и Илина Тодороска, исто така членови на Клубот на литературни творци Прилеп. Дечињата сето тоа го “впиваа“ со големо внимание и интерес.

Целта на настанот одржан по повод Неделата на детето е создавање на интеракција меѓу писателите и децата,  доближување на литературните творби до најмладите, запознавање со убавината на пишаниот збор и неговото пренесувања до читателската публика, велат домаќините.

„Децата, се најчести во  фокусот на книжевниот свет. Тие се инспирација и мотивација за творештвото, но и се најверната публика. Само потребно е информирање на најмладите, да ги поттикнеме да креираат, да размислуваат, да творат и да бидат љубопитни, да прашуваат за да најдуваат одговори..“ велат од ДНУ – Прилеп и Клубот на литературни творци – Прилеп,чии членови уживаа во друштото со најмладите.

Оваа дружба остана овековечена со убави спомени, насмевки и фотографии, но и ветување за идна заедничка средба.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: