11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ИН МЕМОРИАМ – Почина Јане Тренчевски судија при Основниот суд во Прилеп

По тешко боледување, вчера (13,30 ч.) почина ЈАНЕ ТРЕНЧЕВСКИ  (56) судија при Основен суд – Прилеп. Тренчевски беше долгогодишен Претседател на Основниот суд во Прилеп и својата активност во делењето на правдата ја извршуваше чесно и  праведно. Прилепчани го паметат како пожртвуван борец за правда, и професионално, и приватно, но и како вљубеник во пишаниот збор на светските класици, почитувач на медиумската фела, која секогаш имаше одлучна соработка заради заеднички објективното информирање на работата на судот и судиите во интерес на правдата. Тој, во неговата активна работа како Претседател на судот се залагаше  за активно, навремено и ефикасно одвивање на судските процес и беше иницијатор на отворање на првата Канцеларија за односи со јавноста во суд .
Изјавил: „ Судиите се доволно компетентни, навремени и ефикасни и со зголемено темпо и динамика мошне ефикасно ја извршуваат својата обврска„ – изјави во медиумите Тренчевски (2011 г), како Преседател на Основниот суд во Прилеп, вреднувајќи ги своите колеги и претставувајќи го прилепскиот Основен суд како најефикасен и најажурен суд на подрачјето на битолскиот Апелациски суд, што говори за неговата голема верба во професијата која ја обавуваше неколку децении.
Јане Тренчевски беше вљубеник и во спортот.  Тој беше поддржувач на боречкиот спорт и долгогодишен претседател на прилепскиот боречки клуб „7-ми Мај Леов“,  кој со негова поддршка постигна голема афирмација и  промоција, така што стана еден од најуспешните боречки клубови во Македонија.
Погребот на Јане Тренечвски се одржа денеска, предпладне, на новите градски гробишта во Прилеп, во присуство на роднини, пријатели и голем број почитувачи на неговиот професионален и општествен работен ангажман.

Би можело да ве интересира

Не е исправна водата од четири чешми во прилепско

Елизабета Филипоска

Од четврток до недела Македонија во портокалова алертна фаза

Гордана Цветаноска

Во Битола, Крушево и Охрид највисока снежна покривка

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе