7.3 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Дабничани бараат помош за заштита на селската црква и гробиштата од кражби и уништување

Жителите на село Дабница до нашата редакција испратија фотографии на кои се гледа во колку лоша состојба се селските гробишта. Велат ова не е прв пат да се краде и уништува. Црквата е гробиштата се постојана мета на крадците и дрвокрадците. Старите багремови дрвја некој си ги исекол и ги присвоил. Црквата е повеќе пати е ограбувана, така што на ваквите зулуми надлежните треба да им стават крај.

Дабница е познато село кое има дадено 19 жртви во НОБ, а сега ова населено место нема прооден пат иако е на само 4,5 км до градот. Патот кој што води до селото е во катастрофална состојба, депонии на секој чекор, така што иако блиску, ова село е отсечено од цивилизацијата.

Дабничани го повикуваат градоначалникот Јовчески, полицијата да преземат мерки за заштита од понатамошно скрвнавење на гробиштата и селската црква.

Би можело да ве интересира

Без електрична енергија повеќе улици во Прилеп

(ГАЛЕРИЈА) Снежно Крушево полно со туристи, проодни улици во градот и селата

Гордана Цветаноска

Законот за употреба на јазиците објавен во Службен весник

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе