25.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Меѓународниот ден на руралната жена одбележан во Прилеп (ФОТО)

Во регионот на прилепска Пелагонија жените од селото обезбедуваат егзистенција од земјоделските и занаетчиските производи, книги, рачни изработки. Потребно се модифицирани мерки кои ќе ги поттикнат жените да создаваат и да бидат реално вреднувани за својот труд. Селските домаќинства имаат проблеми со инфраструктурата, а пред се’ со пласманот на производите.

На саемот во Прилеп покрај земјоделки, занаетчивки, млекопреработувачи, учествуваа и  учениците од прехрамбената и земјоделската струка при СОУ „Орде Чопела“ од Прилеп. Презентацијата на производите од вредните раце на жените од руралните средини предизвика голем интерес кај прилепчани, што пак го иницира прашањето за одржување на традиционален саем на производи во Прилеп.

Организаторите се надеваат дека руралната жена со сите овие манифестации и апели конечно ќе го добие заслуженото место во општеството.

Би можело да ве интересира

Општина Прилеп распредели 15.000 бесплатни заштитни маски за граѓаните

Поквалитетна струја за „Три Багреми“

Советот на Општина Прилеп доби нов советник

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе