16.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Приведен прилепчанец кој што крадел во Битола

Полициски службеници од криминалистичката полиција и полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола вчера, 20.10.2022 г, на ул.„Широк Сокак“ во Битола, го лишиле од слобода Љ.М.(69) од Прилеп. Тој се сомничи дека е сторител на кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“ и при преглед кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривични дела. Исто така, со судска наредба, во текот на денот бил извршен и претрес во неговиот дом во Прилеп и бил пронајден предмет кој потекнува од кривично дело. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Претрес во крушевско, пронајдено оружје

Малолетници предизвикале сообраќајна незгода, пријавени неколку физички напади и едно исчезнато лице

Претрес во Прилеп, пронајдени муниција и пиротехнички средства, лишено од слобода едно лице

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе