3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

“Боите на мојот град” прва самостојна изложба на Филип Јовески

Боите на мојот град” е првата самостојна изложба на нашиот сограѓанин Филип Јовески што ќе биде отворена на  9 –ти Ноември 2022 / среда/ од 19.00 ч. во фоајето  од ЦК „Марко Цепенков“.(9.11.2022-18.11.2022). На изложбата во фоајето ќе бидат поставени слики во комбинирана техника, работени во 2022 година, на кои се претставени значајни објекти, градски визури и пејзажи од градот Прилеп.

Изложбата претставува кулминација на истражувањето на архитектонската форма низ илустрација и слика, искажано преку синергијата на двата аспекти од моето творештво: архитектурата и уметноста – вели авторот.

Филип Јовески е дипломиран инженер архитект, магистер по архитектура. Има проектирано повеќе значајни објекти во Македонија и Германија. Учествувал на повеќе ликовни групни изложби и проекти, како и на уметнички колонии за вајарство и сликарство. Член е на ДЛУП. Во последните неколку години освен како архитект, работи и како дизајнер, илустратор на детски книги и концепт артист за графички новели.

Би можело да ве интересира

Се уредува станбената населба пред мостот кај касарната

Пела Редакција

Како да се креираат позитивни модели на културни искуства преку нови медиуми?

Пела Редакција

Поранешни времено ангажирани обвинуваат за селективност при продолжување на договорите во општинските институции и претпријатија

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе