20.4 C
Прилеп
вторник, 15 октомври, 2024
Пела Радио

Пак, се чистеше Дабнички канал од каде се извадени 600м3 отпад

Повторно, се чистеше Дабничкиот канал, кој врви низ населбата Тризла. Иако, комплетно беше исчистен во април годинава, „во него и до него, немало што нема од отпад“- велат од ЈКП Комуналец, кои овој пат извадоа од каналот над 600м3 отпад .

„Цели кревети, постели, градежен шут, градинарски отпад, животински отпад и што ли уште не се чисти од каналот и по каналот. Жителите од околните куќи негодуваат на ваквата појава, иако видливо од состојбата на терен, истите тие придонесуваат каналот да претставува извор на зараза.„ велат од ЈКП Комуналец Прилеп

Каналот  се чистеше со градежни машини, а отпадот се транспортираше до депонијата во Алинци. Инаки, пред извесно време, комплетно се исчисти и каналот на потегот од мостот кај касарната до вливот со Оревоечка река.

„А, напролет, повторно ќе ве информираме за состојбата со проблематичниот канал и со проблематичните граѓани, кои никако да научат дека секој отпад си има свое место, и дека е ред во 21 век треба да научиме дека отпадот не се исфрла до куќата каде живееме. Иако, за ваквата состојба не се виновни само жителите кои живеат по самиот канал, туку целата заедница, вклучително и институциите надлежни да се спречи оваа појава.„ – велат од ЈКП Комуналец Прилеп

Би можело да ве интересира

Боево гаѓање на стрелиштето Леково

Пела Редакција

Заедничко 8-мо мартовско пладне со музика, медењаци и уметност, во организација на ЛАГ Агро Лидер

Пела Редакција

П О В И К за СТОПИРАЊЕ на уништувањето на прилепскиот локалитет „Каракамен“

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе