3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Манастирот „Зрзе“ во бело – планините во Македонија утрово се „разбудија„ со снег

Снежно бела покривка , денеска, го покри врвот на Баба Планина , Пелистер,  и направи вистинска зимска едила. Снег има и на планината  Даутица, каде што се наоѓа манастирот Зрзе (Св.Спас) .

Утрово Македонија е под снег. Според видео камерите на сајтот „Ski Macedonia“  се гледа дека речиси сите планини и повисоки места во земјава се под снег. Снег утрово има, а и се уште врне на  Пелистер, Попова Шапка, Маврово, Пониква, Нижополе и Копанки.

Пелистер под снег
Пелистер под снег

 

Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во вторник ќе се задржи стабилно време со негативни утрински температури. Нов влажен бран со локални врнежи од дожд, а на планините на запад од снег, се очекува во среда и во четврток.

Би можело да ве интересира

Одбележана 79-годишнината од масакрот кај селото Дабница

Елизабета Филипоска

Нелегална трговија со отпад на 4 локации во Прилеп

Пела Редакција

Прилеп има 275 активни Ковид случаи

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе