11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Гулабоски: со потпишување на договорот за субвенционирана струја, ќе ја вратиме старата цена на водата

Состојбата со водоснабдувањето во Прилеп е добра, издашноста на изворот Студенчица изнесува околу 1250 л/сек, и не треба да се стравува во овој период до крајот на годината  дека ќе има проблеми со водоснабдувањето, изјави на средбата со новинарите Игор Гулабоски, директор на ЈКП Водовод и канализација Прилеп. Тој посочи дека старата цена на водата, онаа од пред поскапувањето предизвикано со високите сметки за струја, ќе биде вратена штом се потпишат договорите за субвенционирана електрична енергија од страна на Владата.

„Во текот на оваа година се случуваат многу проблеми кои се однесуваат на  дефектите кои што се јавуваат во водоснабдителната мрежа. Тоа е една причина која што сите ја знаеме дека самите линии во град Прилеп се доста стари, потребна е нивна рехабилитација и затоа имаме таква појава на такви дефекти кои што секојдневно ние ги решаваме и излегуваме во пресрет на сите граѓани.

Актуелно во овој последен месец исто така од нашите политички противници е – зошто сеуште, еве втор месец влегуваме со оваа покачена за 20% цена на водата. Јас кажав во една моја изјава дека тоа е така затоа што ние рокот за субвенционирање со одлука на Владата го имаме запазено, значи на 9 ти ноември ги имаме поднесено сите потребни документи кои ни ги побараа од службите на владата, кои моментално се разгледуваат. Претпоставувам дека процедурата е малку долга бидејќи тука сме опфатени повеќе јавни претпријатија и од нива страна е потребно малку повеќе време. Денешна информација е дека сите наши документи ги разгледале и дека биле исправни, значи од наша страна е се’ како што треба. Се надеваме по одлуката што ја има Владата донесено за месец декември ќе бидеме субвенционирани со 95 евра од киловат час. Доколку е така и доколку ги потпишеме тие договори, ние како што ветивме кога ја зголемувавме цената на водата, ние ќе ја вратиме старата цена, “посочи Гулабоски.

Поради актуелната состојба со енергетската и економската криза се прилепски Водовод ги одлага плановите за реконструкција на водоводната мрежа бидејќи треба да се подмират долговите кон ЕСМ и ЕВН, кон добавувачите за материјали заради пролонгирани на рокови за плаќање.

„Во зимскиот период не се врши реконструкција на улиците, не е дозволено во наредниве 2/3 месеци. Толку е доволно за ова претпријатие да се врати на сигурни нозе, а тој период ќе го искористиме сите овие долгови кои што се моментално во ова јавно комунално претпријатие да ги вратиме во целост. Што се однесува до зимскиот период за снабдување со вода, јануари е најкритичен бидејќи температурите може да паднат и до – 20 степени, но тоа е ризик за самиот извор, да не даде господ да замрзне. Временската прогноза е наклонета и не треба да има сомнежи дека ќе има добро водоснабдување, рече Гулабоски.

Би можело да ве интересира

Одбележани годишнините од смртта на Гоце Делчев и Пере Тошев

Елизабета Филипоска

Вработените од „Прилепско поле“ на протест, нема плата, а подружницата работи неликвидно

Гордана Цветаноска

Викторија прогласи „состојба на катастрофа“, Мелбурн под карантин

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе