7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

(Видео) Без почит и без милост дрвокрадците направиле масакр на дрвјата и ги уништиле и надгробните плочи во с.Дабница

Селото Дабница стана мета на крадци и дрвокрадци.  Денешната  слика, пак,  ги остави без здив,  жителите кога отишле да ги посетат вечните почивалишта на нивните најблиски, на гробиштата кои се наоѓаат во дворот на селската црква Св Никола.  Непознати лица без страв, со моторни пили исекле 30 багреми, дрвја на просторот кој се наоѓа околу селската црквата, каде се и гробишта на селото , и уништиле над 20- тина надгробни споменици. Ова е трет случај, годинава, крадци и дрвокрадци да роварат по нивното село.

Утрово, безмилосно,  без страв и без почит,  дрвокрадците сечеле и уништувале низ црковниот двор и околу него.  Дел од жителите раскажуваат дека ги слушнале моторните пили, но поради страв за нивните животи не се осудиле да појдат и да го спречат сечењето на багремите, па пријавиле во полиција.

 

Жителите велат дека ова оваа случка ги надминала сите граници на непочитување на нивниот имот,  непочитување на најсветото – почивалиштата на нивните најблиски, ги надминало сите граници на несоодвето реагирање на институциите да ги заштитат и да стават крај на овие злодела врз црковниот имот и нивните  имоти .

Случајот го пријавиле кај надлежните институции,  но  инертниот однос на институциите кон случувањата во ова населено место само, како што велат тие,  создава  револт и недоверба, односно се принудени да ја преземат правдата и заштитата на своите имоти во нивни раце.

 

Оваа година во два наврати ова село беше нападнато од крадци и дрвокрадци. Во април беа исечени повторно дрвјата околу црковниот имот и  беше ограбена црквата Св.Никола.  Крадците тогаш го откорнаа прозорецот од кај олтарот и ја уништија трпезариската маса, крадејќи се’ што е железо и метал. Потоа, по втор па, во јули, оваа година, крадци ја ограбија црквата Св.Никола и ги украдоа круните за венчавање и други предмети кои се употребуваат во црковната служба.  Реагираа и тогаш жителите, но предметите од црковниот не се пронајдени и не се вратени во црковниот храм во ниту еден од овие два случаи, ниту се откриени сторителите.

Дали со оваа нова ситуција, трета по ред, дабничани ќе го радикализираат односот кон институциите и ќе преземат мерки за самостојно да се справуваат со крадците и дрвокрадците или институциите ќе преземат поголема безбедност и заштита на ова населено место и имотите на жители,  е само прашање на време, бидејќи „чашата на трпеливост веќе се прелеа“-  нагласија луто и револтирано жителите од с.Дабница, прилепско.

Би можело да ве интересира

Донација од 10 компјутери во СОУ „Ристе Ристески Ричко“ Прилеп од Гентерм Македонија

Гордана Цветаноска

Подметнат пожарот на депонијата Алинци

Пела Редакција

Достоинствена прослава-45 години НУЦК „Марко Цепенков“

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе