16.8 C
Прилеп
среда, 16 октомври, 2024
Пела Радио

“Снежана на крајот умира“, најновиот македонски филм на Кристијан Ристески, конечно во Прилеп

Љубителите на филмската уметност, понеделник, 12-ти Декември (почеток: 19:30ч) во  Кино „Мис Стон“  ќе имаа можност да уживаат во македонскиот филмот “Снежана на крајот умира“ , кој е дебитантски игран филм на Кристијан Ристески.

Станува збор за социјална драма во амбалажа на комедија на апсурд, која се занимава со тоа колку е ужасно тешко да се остане чесен и веренеден на своите принципи во морално корумпирана средина.
Ова е модерен, тотално различен македонски филм, кој не ги остава рамнодушни гледачите. Филмот ја имаше својата интернационална премиера во јануари на фестивалот “Слемденс“ во САД и  македонската премиера на затварањето на фестивалот “Браќа Манаки“ во Битола.
Тоа е филм, велат познавачите на оваа уметност,  во кој сите филмски елементи функционираат тимски во создавањето на едно возбудливо и интересно уметничко дело! Животите на една хикикомори уметница, радио водител со Аспергер синдром, сопственик на видеотека, филозоф од пред гранапче, креативен директор и гинеколог анти-наталист се испреплетуваат низ три откачени приказни за љубов, пријателство и посветеност.
Играат: Верица Недеска, Наташа Петровиќ, Сашко Коцев, Дениз Абдула, Ивица Димитријевиќ, Давид Јанакиев и Тино Костадиновски; Сценарист и режисер: Кристијан Ристески ; Продуцент: Дарко Попов;
Кинематографери: Димо Попов и Севдије Кастрати ; Монтажер: Горан Вуќиќ; Автори на музика: Александар Пејовски и Ставрос Макрис, Сценографијата е на Сашо Блажевски, а костимите се изработка на  Емилија Ивановска-Атанасовска.
Инфо: Билети ќе чинат 150 денари . Продажба: 30 минути пред проекција или резервации на 075 806 340

Би можело да ве интересира

10 години клупска изложба на уметнички фотографии „Јордан Зазоски – Зазо“

Пела Редакција

Изложба на скулптури – “Скулптури на новото време 2019“.

Елизабета Филипоска

Годишната изложба на ДЛУ и концерт на пијано

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе