16.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Син го избодел татка си до смрт

Прилепската полиција го приведе 26-годишниот жител на прилепското село Селце со иницијали А.М. кој се сомничи дека по расправија во семејниот дом со остар предмет смртно го повредил татка си кој подоцна починал. Осомничениот е приведен на прилепската улица „Димо Наредникот“.

Како што информираат од СВР Битола, 26-годишникот синоќа околу 20 часот во семејниот дом во прилепското село Селце се расправал со својот татко, 52-годишниот М.М. и со остар предмет го повредил. Подоцна таткото починал по здобиените повреди.

Полицијата извршила увид, а јавен обвинител наредил обдукција на телото на починатиот. Осомничениот, 26-годишниот син, два часа подоцна е приведен од улицата „Димо Наредникот“ во Прилеп.

Обвинителството работи на случајот и побара притвор до 30 дена за осомничениот 26-годишен А.М.

Би можело да ве интересира

Со “пежо“ момче удрило во оградата од прилепската касарна и 4 лица се повредени

Пела Редакција

Пожари во Прилеп и во долненско-изгореа 850 тони сточна храна и земјоделска механизација

Приведен 52 годишен прилепчанец дилер на дрога

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе