30.3 C
Прилеп
вторник, 28 јули, 2026
Пела Радио

Пожари во Прилеп и во долненско-изгореа 850 тони сточна храна и земјоделска механизација

Во еден ден, вчера во Прилеп и во долненско Локвени регистрирани два пожари во кои е предизвикана значителна материјална штета, повредени лица нема, информираат од СВР Битола:

На 22.02.2026 во Полициското одделение Ропотово било пријавено дека во с.Локвени, општина Долнени, настанал пожар на настрешница, сопственост на А.Т.(39) од с.Локвени.  Од пожарот се зафатени и изгорени 500 тони сено, околу 350 тони слама и земјоделска механизација. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица  Кривогаштани, а повредени лица нема. Увидот бил извршен од увидната екипа на ОВР Прилеп.

На 22.02.2026 во 20:21 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Дабнички Завој“ настанал пожар во куќа сопственост на М.Н.. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Би можело да ве интересира

МАКЕДОНИЈА ДЕНЕС МУ СЕ ПОКЛОНУВА НА ЛЕОНХАРД МАЗИНГ

Возило излетало од патот Прилеп – Скопје кај кавадаречко Раец

Средбата меѓу тутунарите, откупувачите и министерот Хоџа, утре, ќе се одржи во СЦ „Борис Трајковски“, Скопје

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе