11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

(ВИДЕО) Оптика Оптил и Оптил Тајм со предновогодишно изненадување за најмладите

На точно една седмица до најлудата ноќ, сосема неочекувано, онака како што Дедо Мраз доаѓа и ги радува децата, денеска кај Градскиот саат во старата чаршија, Оптика Оптил приреди изненадување. Не е шега… Дедо Мраз пристигна слегувајќи од Градскиот часовник со полна торба подароци за најмладите. И онака „дедомразовски“ делеше ноговодишни пакетчиња, се фотографираше и си помуабети  со децата. На радоста и’ немаше крај… Дедо Мраз, па уште дојден во Прилеп слегувајќи од Градскиот саат!!! Желби еден рој, но најголемата – да се овековечи тој момент со фотографија.

„Ова е еден пример што значи да се биде општествено одговорна фирма. Значи да се грижиме еден за друг, да си помагаме, да делиме радост, да делиме среќа на сите наши сограѓани. Тимот на Оптика Оптил е секогаш полн со идеи. Така и сигурно нешто ќе има и друго. Им ги честитаме новогодишните празници на сите граѓани на општина Прилеп, “ посочи Катерина Батаклиева сопственик на Оптика Оптил.

Идејата секогаш доаѓа од младите, кои во себе носат енергија и иновативност.

„Оваа година сакавме да вратиме на нашите сограѓани, зашто сметам дека сите деца заслужуваат да бидат радосни и среќни и сакавме да им вратиме нив. Да доделиме колетчиња, ова е поткрепено само од нас, немавме никаква друга помош и сметаме дека успешно си ја завршивме работата, затоа што гледаме дека многу деца се среќни. Најпрво поканивме дека од ОУ Добре Јованоски, а потоа и на случајни минувачи,“ посочи Емил Батаклиев од Оптика Оптил.

Инаку прилепскиот Дедо Мраз е навикнат на подвизи. За него, симнувањето од покривот на  Градската болница од пред неколку години беше малку, па сега одлучи тоа да го направи од Градскиот саат! Сигурно знаете за кого станува збор, бидејќи познати се подвизите на прилепското момче херој, спелеолог, стручњак за спасување на непристапни места. Да, тоа е Дарко Неданоски кој и овој пат пријатно ги изненади сите, дури и нас новинарите.

„Новогодишните празници ги заокружуваме со една мала прослава, тука во центарот на градот. Благодарение на Оптика Оптил се собраа пакетчиња, кои беа доделени на сите оние кои што имаа среќа да бидат тука денеска. Им посакуваме здравје, среќа, да бидат уште поуспешни во новата година. која треба да ни биде уште поголем предизвик!, “ рече прилепскиот Дедо Мраз – Дарко Неданоски, кој беше во друштво со македонска инфлуенсерка прилепчанката Ксенија Деспотоска.

Насмевки, радост, пакетчиња, тоа е дарувањето за новогодишните празници, тоа треба биде предизвик за секоја општествено одговорна компанија, а Оптика Оптил е пример што треба да го следат и другите.

Би можело да ве интересира

Пораз во Кочани за Победа – пет гола на стадионот Мантов (ФОТО)

Никола Димески

Точила инфраструктурно се уредува

Елизабета Филипоска

Манифестација „Од 0 до култура“ – вечерва прилепската група „The Flames“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе