11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Прилепчани во еко акција за пошумување на месноста Алинци во организација на Советот на Општина Прилеп

Еко акцијата под мотото „Засади дрво денеска за идните генерации, во организација на Советот на Општина Прилеп, наиде на голем одзив кај прилепчани. Во акцијата за пошумување на месноста Алинци се вклучија советниците при Советот на Општина Прилеп, вработени во  јавната администрација, од јавните комунални претпријатија, наставници и професори, од основните и средните училишта, пратеници, вљубеници во природата,  претставници од граѓански здруженија, граѓани …

„Засадивме околу 4000 садници , багрем и јасен, афтохтони сорти за прилепското поднебје и при оваа прилика сакам јавно да им се заблагодарам на вработените од ЈП „Македонски шуми“ – Црн Бор – Прилеп  кои  ни излегоа во пресрет при подготовката на теренот и ни доделија садници, како и благодарност до сите кои зедоа учество и дадоа придонес во реализирањето на оваа акција „-  рече Претседателот на Совет на Општина Прилеп, Дејан Проданоски и најави следна акција за пошумување напролет.

Целта на ваквите акции е подигнување на свеста за климатските промени, со акцент за зачувување на  животната средина, пошумување и озеленување, на што повеќе  површини во околината на Прилеп . „За идните генерации да имаат поздрава животна средина, бидејќи немаме резервна планета„-  рекоа организаторите.

 

Идната пролет Советот на Општина Прилеп планира да спроведе следна акција за пошумување на друга површина, а чувањето и грижата за животната средина, оплеменување на површините со дрвца и зеленило, да го стави како приоритет на заедницата.

 

Би можело да ве интересира

Смилеска: Саниран е дефектот на системот за парно греење во болницата!

“Боите на мојот град” прва самостојна изложба на Филип Јовески

Спас за Прилеп-блокада на Заполшки мост, протест пред Општина Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе