7.3 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

За изнудување пари од крушевчанец, уапсени двајца скопјани

Во угостителски објект на улицата „Васил Ѓоргов“ во скопската населба Капиштец, вчера полициски службеници ги уапсила  Д.З.(36) од скопското село Елово и Р.А.(34) од Скопје.

Тие се сомничат дека на 21.12.2022 од 41-годишно лице од Крушево, поради наводен долг и нерасчистени должничко-доверителски односи, со употреба на сила одзеле патничко возило „БМВ“ и апарат за испитување на подземни води во вкупна вредност од околу 17.500 евра. Според пријавеното, најпрво му барале 6.000, а подоцна и 12.000 евра за да му го вратат одземеното.

„По преземени мерки, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, во наведеното време лицата биле затекнати во угостителскиот објект при примопредавање на парите. Кај нив биле пронајдени и одземени изнудените пари и фалсификувана лична карта. Двајцата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Полициски службеник нападнат откако ги фатил како крадат дрва

Пела Редакција

СВР Битола: Исконтролирани 394 возила и возачи, најмногу казни за брзо возење

Пела Редакција

Фатен крадец, пленот вратен кај сопствениците

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе