3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Женско е првороденото бебе во 2023 та во Прилеп

По 4 часа и 22 мин по полноќ, од првите часови во новата година, се роди првото бебе во ЈЗУ Градска болница со проширена надлежност „Борка Талески“. Женското бебе Кристијана е со тежина 3 150 гр и 50 см должина. За мајката Емилија Златеска (42 години) од Прилеп тоа е второ женско дете.

Традиционално, мајката и првороденото бебе во новата година ги посетија, здравје и среќа им посакаа градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески и Кети Смилеска, директор на Градската болница.Општината и Градоначалникот на среќната мајка и’ подарија пригодни подароци и штедна книшка од 15 000 денари.

 

Градоначалникот Јовчески, при оваа прилика и на персоналот во прилепската болница им ги честиташе новогодишните празници и им посака оваа нова 2023 година да им биде побериќетна, посреќна, поуспешна исполнета со многу здравје и просперитет.

Синоќа, градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески честитка за добра, поуспешна нова 2023 година до сите граѓани на Општина Прилеп, упати и од плоштадот „Методија Андонов Ченто“, каде прилепчани заедно ја дочекаа Новата година, со огномет и пригодна музичка програма.

Традиционално на највеселата ноќ, градоначалникот ги посети и службите кои вообичаено работатат за новогодишната ноќ: дежурните екипи на ТППЕ -Прилеп, на Итната медицинска помош, полициските служеници во  ПС – Прилеп и дежурната екипа на Железничката станица -Прилеп, честитајќи им ги притоа новогодишните и претстојните божиќни празници.

Би можело да ве интересира

ЛАГ Агро Лидер – одбележа 10 години успешна работа

Пела Редакција

Нов асфалт за улиците од „Петта Прилепска бригада“ и „11.Октомври“

Елизабета Филипоска

Завод и Музеј Прилеп со средства од Министерството за култура ги обнови и санираше спомен облежјата на Паркот на Револуцијата (ВИДЕО +ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе