30.3 C
Прилеп
вторник, 28 јули, 2026
Пела Радио

Горивата поскапуваат: за 1,5 и за 2 денари од литар

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 до 2 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,46 отсто.

Согласно одлуката на РКЕ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари за литар, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за два денари за литар.

Од 21.1.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 74,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 66,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 66,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 32,987 (денари/килограм)

Би можело да ве интересира

Нов асфалт доби и улицата „Андон Слабејко“

УХМР најавува нестабилно време со пороен дожд

ССКМ: Аптеките да продолжат со издавање на лекови на рецепт и покрај што податоците за осигурениците не се апдејтираат

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе