16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Гаврил Кочоски ја пронајде паричката за Василица во Прилеп

Втора година по ред во центарот на Прилеп, на платото кај Градскиот саат се одржа манифестацијата „За Василица во Прилеп“ во организација на Општина Прилеп. Со поддршка на десетина прилепски и битолски фирми беа подарени  буречиња, греано вино и  чај. Целта е преку дружење и забава да се одбележи големиот православен празник Свети Василиј, Василица, или познат како Стара нова година, чие што чествување започнува од денеска. Програмата „Радио што се гледа“ се емитуваше во живо од платото кај Градскиот саат.

 

Посебна чест и задоволство ми е на овој ден да им го честитам овој христијански празник Василица на моите сограѓани. Чест ми е што по втор пат овде во центарот на Прилеп кај Градскиот саат, ја организираме оваа манифестација, рече градоначалникот Јовчески.

Гаврил Кочоски од Прилеп ја пронајде паричката во бурекот и посака среќа и здравје во годината која што следи, за себе,за семејството и за своите сограѓани. Бидејќи е невработен неговата желба е вработување во годинава што следи.

Благодарам за подароците, среќен сум што ете кај мене падна паричката. Кај нас во семејството бурекот со паричка се врти утре, традицијата се почитува секоја година, за многу години да е празникот, порача Кочоски.

Манифестацијата „За Василица во Прилеп 2023“ беше збогатена со музичка програма на која учествуваа ученици од Музичкото училиште „Ордан Михајлоски – Оцка“ и други прилепски музички групи.

Би можело да ве интересира

Божиќен ручек за 500 деца по 20ти пат во Прилеп

Пела Редакција

Исчезнат е Петар Рујаноски – Стојановски од Прилеп , семејството бара помош

За прилепските ученици 100 таблети од тетовското семејство Дестани

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе