7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Расчистен случај за лажна пријава за наводно поставена експлозивна направа во училиште во Житоше

СВР Битола – ОВР Прилеп – Надворешна канцеларија за криминалистички работи денеска поднела известување до Основното јавно обвинителство Прилеп поради лажно пријавување за кривично дело „тероризам“, предвидено и казниво по член 394-б од Кривичниот законик.

На 16.02.2023 во 18.16 часот од својот мобилен телефон малолетник, во присуство на неколку малолетници, телефонски пријавил дека во училиште во с.Житоше има поставено бомба. Полициски службеници извршиле проверка, при што било утврдено дека станува збор за лажна пријава. По преземени мерки и активности, извршени се службени разговори со малолетниците, во присуство на родители, при што тие го појасниле начинот на кој го извршиле делото.

Би можело да ве интересира

Жена тешко повредена во сообраќајка во Прилеп

Пела Редакција

Запленети 1700 парчиња пиротехника, прилепчанец и битолчанец заработија пријави

Пела Редакција

Десетмина осомничени, седуммина во притвор за лажни документи

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе