18.1 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Жена почина, тројца повредени при превртување на возило

На локален пат кон селото Русјаци, Македонски Брод, вчера се случија тешка сообраќајна несреќа во која 41 годишна жена почина на лице место, а тројца, меѓу кои едно дете се здобиле со повреди констатирани во Прилепската болница.

Несреќата се случи на кривина со тесен коловоз, возилото излетало од патот и се превртело. Сопатниците се стабилни и примаат терапија – изјавуваат од СВР Битола, каде што извршиле увид на местото на несреќата.

„На 20.01.2026 во 14:41 часот во СВР Битола е пријавено дека на локален пат за с.Русјаци, општина Македонски Брод, патничко возило „цитроен“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.С.С.(41) од Кичево, излетало од коловозот и се превртело. Од здобиените повреди на местото на несреќата починала 41-годишната К.С.С.. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на почината е дадено на обдукција. Додека, со телесни повреди се здобиле сопатниците С.С.(69), М.С.(62) и шестгодишно дете, сите од Кичево, констатирани во Општа болница Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола,“ стои во полицискиот билтен.

 

Би можело да ве интересира

Горивата поскапуваат од полноќ

Пожар во близина на манастирот Св.Преображение – Крушево

Појавата на рој црни мушички во воздухот ги вознемири прилепчани

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе