7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Европска недела за превенција од рак на грлото на матката

Oд 23-29 јануари е Европска недела за превенција од рак на грлото на матката. Се предлага, во електронскиот систем „Мој термин“ да се изготви специјално досие за пациентките кој ќе се нарекува „женско здравје“ со информации за сите прегледи и извештаи на жената од гинеколошки прегледи и за ХПВ.  Вакцината ХПВ, која се прима на возраст од 12-15 години, се смета за една од најефикасните заштити и до 90 проценти, од ракот на грлото на матката. Податоците за 2019 година покажуваат дека во Македонија само 57 отсто од девојчињата на возраст од 12-15 години ја примиле оваа вакцина. На 20 од 100.000 жени им е дијагностициран рак на грлото на матката, а 4 до 5 од нив починуваат како последица на болеста.

Со организиран скрининг, минатата година, биле опфатени жените на возраст од 36-45 години, кои во последните три години немаат направено ПАП тест. За тековната 2023 година се продолжило со скринингот за жени на возраст од 21-59 години кои во последните три години немаат направено ПАП тест.

Веб платформата skrining.mk е директно поврзана со системот „Мој термин“ и матичниот гинеколог веднаш добива информација за пријавени пациентки, по што ги известува пациентките во кој термин е закажан прегледот. Од април 2022 година до крајот на 2022 година веб платформата ја искористиле вкупно 17.204 пациентки, од кои за 12.194 пациентки земен пап тест, соопштуваат од Министерството за здравство.

Во Буџетот за 2023 година за Програмата за рана детекција на малигни заболувања се предвидени 23.570.000 денари.

Би можело да ве интересира

„Леково„ утре забранета зона поради боево гаѓање

Пела Редакција

Градскиот пазар во Прилеп,в понеделник – 23 ти март, нема да работи

Гордана Цветаноска

Започнува етапната исплата на пензиите

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе