15.5 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

„Ангел си ти“ музичко-сценски настан за роденденот на Тоше

Со крводарителска акција, со почит на неговото вечно почивалиште, промоција на уметнички дела и со музичко-сценскиот настан насловен „Ангел си ти“ утре во Спомен-домот „Тодор Проески“  на Гумење во Крушево ќе бидат одбележани 42 години од раѓањето на големата македонска и балканска музичка ѕвезда, на хуманитарецот и човекот со ангелско срце, Тоше Проески.

Во организација на Црвениот крст од Крушево, во Спомен-куќата ќе се организира хуманитарна крводарителска акција од 9 до 16 часот. Во 10.30 е посетата на вечното почивалите на Тоше на Гумење, а од 11 часот е изложбата на дела на уметницата Марија Бојкоска од ликовната школа „Тоциновски“ од Скопје.

Во Спомен-домот „Тодор Проески“ ќе бидат промовирани делата од 26. Керамичка колонија од Велес. За 42-риот роденден на Тоше ќе бидат промоврани и 42 маички печатени со победнички мотив.

Напладне е сценско-музичкиот настан насловен „Ангел си ти“. Музички рефрени од Тоше ќе изведат Андријана Јанеска и Бојан Стојков во придружба на „Џез сценарио“ од Битола, во аранжман на професорот по пијано и диригирање Вангел Мажески.

Крај вечното почивалиште на Тоше Проески ќе бидат и неговите обожуватели и приврзаници кои секогаш доаѓаат од земјава и Балканот. Тоше Проески го загуби животот на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска. Имаше само 26 години.

 

Би можело да ве интересира

Македонија чекор пред сите во светот – Пуштена во употреба најголемата автоматска линија за резервоари за гас и водород

Ова се протоколите за настава со физичко присуство, среќно ученици!

Љубење со стихови – незаборавно поетско дружење (ВИДЕО +ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе