11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Филип Јовески ја претставува втората самостојна изложба – „Патување”

Во Галеријата Аче во НУЦК “Марко Цепенков” во Прилеп, на 28.0.2023 година, во сабота во 11.00 часот ќе биде отворена изложбата “Патување” на уметникот Филип Јовески. Ќе бидат поставени уметнички дела изработени во комбинирана техника, работени во 2022/23 година. Оваа изложба претставува нарација низ линија и форма, приказна низ дводимензионални и тродимензионални истражувања и патување раскажано преку интерпретација на едни фантастични предели, поинакви од овие нашите, но сепак толку блиски.
И овај пат во неговите дела, исто како и во неговата претходна изложба “Боите на мојот град”, јасно се одразуваат и меѓусебно ги  испреплетуваат двата аспекти од неговото творештво: архитектурата и уметноста.  Оваа втора негова самостојна изложба во Галеријата Аче во НУЦК “Марко Цепенков” во Прилеп, ќе биде достапна за публиката од 28.01. до 04.02.2023 година,
Филип Јовески е дипломиран инженер архитект, Магистер по архитектура. Има проектирано повеќе значајни објекти во Македонија и Германија, меѓу кои и новата детска градинка во Точила, Прилеп.
Учествувал на повеќе групни ликовни изложби, како и на сликарски и вајарски колонии и интердисциплинарни уметнички проекти. Член е на ДЛУП. Во последните неколку години освен како архитект, работи и како дизајнер, илустратор на детски книги и концепт артист за графички новели.

Би можело да ве интересира

Земјоделци, внимателно со системите за наводнување во близина на далекуводите!

Гордана Цветаноска

Подмирување на сметките е проблем на секое трето семејство во Македонија

Гордана Цветаноска

Вработен агресивно се однесувал кон директорот во училиште во Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе