29.7 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

“Падот на ангелите” изложба од уметникот Никола Пијанманов

На 6 октомври 2025 г/понеделник/ од 19.00 ч.во Ликовната галерија од ЦК”Марко Цепенков”Прилеп ќе биде отворена изложбата “Падот на ангелите” од уметникот Никола Пијанманов.
Изложбата е поддржана од Министетството за култура и туризам.
„Уметноста не како последен бастион на креативноста и слободата на духот, туку како веќе единствена рефлексивна длабочина во која можеме бескомпромисно да си ги огледаме стврднатите души и прегорените емоции.
Последен подвиг за кој треба карактер, доблест и целосно скротена суета. И во тој морничав огледален одраз ќе ги видиме сите беспомошни и безмилосно згазени, сите луди војни и грозоморни геноциди, сета светска неправда и безумие, сиот систематски хаос и пекол кој ни ја краде сегашноста и убива иднината.
И токму за сите тие беспомошни – за девојчето чија солза е единствен знак на живот врз од смрт преплашеното лице, за очајните и болните по болничките чекалници, за проколнатите без никаква вина, за сите избодени, скршени и паднати ангели во и околу нас, за сите згаснати соништа и радости – за сите нив овие слики гласно молчат – вели Александар Еленин за изложбата од уметникот.
Никола Пијанманов e роден во Струмица.Учестувал на повеќе колонии, а изработил повеќе сценографии, дела во јавен простор и фрескоживописи.

Би можело да ве интересира

ЈКП Комуналец започна со склучување договори за бесплатни жолти и зелени канти за отпад

Христи Бикоски и понатаму останува верен на РК Прилеп

(ВИДЕО) Прошетка низ Могилата на Непобедените, симболот на непокорот на прилепчани, каде се имињата и посмртните останки на 462 борци од Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе